20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР ја откажа финансиската поддршка на хидроелектраната „Бошков мост“

ЕБОР ја откажа финансиската поддршка на хидроелектраната „Бошков мост“

1014234579

Откако го одобри пред шест години, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја откажа финансиската поддршка на хидроелектраната „Бошков мост“, која беше планирано да се гради во Националниот парк „Маврово“.

Својата одлука најголемиот финансиер на проектот и официјално ја потврди одлуката на својата веб-страница. Европската банка за обнова и развој обезбеди кредит од 65 милиони евра за изградба на енергетски капацитет со инсталирана моќност од 68,2 мегавати.

Хидроелектраната „Бошков мост“ треба да произведува 117,54 мегават часови електрична енергија на годишно ниво. Проектната документација планираше да се искористи водниот потенцијал на Мала Река и на нејзините притоки.

Одлуката од ЕБОР доаѓа само неколку месеци по усвоеното барање за суспендирање на сите инфраструктурни проекти во Националниот парк Маврово, кое беше донесено на крајот од 2015-та година од Постојаниот Комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП