24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Morgan Stanley се удвои во четвртиот квартал

Профитот на Morgan Stanley се удвои во четвртиот квартал

morgi3303

Профитот на „Morgan Stanley“ се удвои во четвртиот квартал поради забрзување на активноста во трговијата на „Wall Street“. Банката соопшти дека е на пат да достигне неколку финансиски цели поставени од главниот финансиски директор Џејмс Горман, соопштува „Ројтерс“.

Објавувајќи го профитот, „Morgan Stanley“ посочи огромен раст на трговијата со обврзници – сфера во која одамна се соочува со тешкотии. Банката освен тоа забележа посилни приходи од трговијата со акции, каде „Morgan Stanley“ обично е лидер, и вели дека е на пат да ги постигне своите цели за намалување на трошоците, добивката од управување на благосостојбата и враќањето на капитал на акционерите.

„Дефинитивно има повеќе причини да сме оптимисти, влегувајќи во 2017-та година отколку во почетокот на 2016-та година“, рече Горман во конференциски повик со аналитичари.

Генерално профитот на „Morgan Stanley“ се зголемил до 1,5 милијарди долари во четвртиот квартал од 753 милиони долари во претходната година. Добивката по акција се зголеми до 81 центи од 39 центи, што е доста над очекувањата.

Аналитичарите во просек прогнозираа добивка од 65 центи по акција, покажува анкетата на „Thomson Reuters“. Нето приходите се зголемија за 17% до 9 милијарди долари, што е над просечната оценка за 8,5 милијарди долари.

Приходите од трговијата со обврзници се зголеми до 1,5 милијарди долари од 550 милиони долари во претходната година – второ највисоко ниво од првиот квартал на 2015-та година, и тоа во обично бавен период за бизнисот.

Трговијата со обврзници е подобрена по намалувањето на 25% од работните места и му помогна на „Morgan Stanley“ да ја надмине целта на Горман за приходи од тргување со обврзници за 1 милијарда долари во квартал за целата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП