25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците до ММФ: Ова е бесмислено, пријатно!

Грците до ММФ: Ова е бесмислено, пријатно!

360107512587e2ae410977722543576_w640

Грчката влада соопшти дека ќе ја поздрави одлуката Меѓународниот монетарен фонд да се повлече од програмата за кредитна помош за таа земја за излез од должничката криза.

Портпаролот на Владата, Димитрис Цанакопулос, го обвини ММФ за „бесмислени одложувања“ на преговорите за кредитот.

Цанакопулос изјави дека би бил „добар напредокот на Грција и Европа“ доколку ММФ го намали учеството.

ММФ учествуваше во две претходни програми за помош, но сеуште размислува дали ќе ја финансира третата програма, потпишана во 2015 година, чие спроведување се одложува поради несогласувањата околу идните мерки за штедење.

Грција се надева дека програмата за помош ќе ја обнови економијата и ќе и овозможи пристап до програмата на Европската централна банка за купување на обврзници, а подоцна и на меѓународните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП