18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФукс: ЕУ нема да подлегне на притисоците на Британија

Фукс: ЕУ нема да подлегне на притисоците на Британија

fuks angela mej

Михаел Фукс, главен економски советник на германската кацеларка Ангела Меркел, го орфрли планот за „Брегзит“ на британската премиерка Тереза Меј, истакнувајќи дека Брисел нема да подлегне на притисоците и нема да му дозволи на Лондон „да зема тоа што сака, а да остава тоа што не сака“.

Тој рече дека лидерите на ЕУ ќе бидат остри кон Велика Британија во време кога Унијата се обидува да одврати други земји да одржат референдум или да поднесат нови барања.

Во изјава за Sky news Фукс рече дека говорот на Меј бил многу амбициозен, но „на моменти делувал како бирање“.

„Не стекнав впечаток од нејзиниот говор дека таа сака да се отакаже од нешто и делуваше како бирање. Не може да јадете колач, а да не сте платиле за него. Тоа е невозможно,“ рече Фукс, пренесува британскиот весник Daily Express.

Премиерката Меј изнесе стратегија за „експресен развод“ и рече дека Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар и дека нејзините приоритети се задржување на контролата над државните граници и забавување на миграцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП