18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за движење на тешки товарни возила на Стража и Плетвар

Забрана за движење на тешки товарни возила на Стража и Плетвар

kamioni-sneg-sneg-snegot

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена вчера во 19:45 часот на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планински премин Стража.

Претходно вчера, забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена во 18:30 часот на патниот правец Кавадарци – Прилеп преку планински превој Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонија пат.

Слаби врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Ресен, Македонски Брод, Ѓавато, Плетвар, Штип, Павлешенци, Неготино, Демир Капија, Удово и Кула, додека слаби врнежи од дожд има во Сарамзалино, Кочани, Велес и Гевгелија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП