24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВест Хем сепак се предомисли, ќе го продава Пајет

Вест Хем сепак се предомисли, ќе го продава Пајет

dimitripayet

Се чини дека штрајкот на францускиот репрезентативец Димитри Пајет успеал, бидејќи, како што пишуваат британските медиуми, Вест Хем се согласил да го продаде својот најдобар фудбалер во Марсеј, но останува отворено прашањето за колку пари ќе се случи трансферот.

„Чеканите“ досега одбија две понуди на Марсеј, а последната изнесуваше 25 милиони евра, пет милиони повеќе од првата понуда. Сега се очекува Марсеј да ја даде и третата понуда, а медиумите на ‘островот’ шпекулираат дека Вест Хем нема да го пушти Пајет под 35 милиони евра.

Францускиот играч за врска токму од Марсеј се пресели во Вест Хем во јуни 2015 година за 12 милиони евра. Кај Славен Билиќ стана главен играч, а до сега во 60 настапи во дресот на лондонскиот клуб постигнал 15 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП