19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШкотска ќе бара независност, планот за Brexit го оцени како катастрофален

Шкотска ќе бара независност, планот за Brexit го оцени како катастрофален

stargen1-696x463

Шкотска мора да има можност да прогласи независност од Обединетото Кралство ако нејзините барања во поглед на Brexit бидат отфрлени, рече шкотската премиерка Никола Старџен.

Таа оцени дека планот за Brexit што британската премиерка Тереза Меј го изнесе во вторник е „економски катастрофален“ за Обединетото Кралство и истакна дека Шкотска не гласаше за тоа.

Старџен пред британската влада изнесе редица предлози за позицијата на Шкотска во поглед на Brexit.

„иако разговорите за тие предлози сѐ уште траат, и иако премиерката денеска повтори дека ќе го разгледа нашиот план, сѐ уште не видовме докази дека гласот на Шкотска се слуша или дека нашите интереси се земаат предвид“, рече Старџен.

„На британската влада не може да и се дозволи да нѐ изнесе од ЕУ и единствениот пазар, занемарувајќи го лошото влијание врз нашата економија, работните места, животниот стандард или нашата репутација како отворена и толерантна земја, а Шкотска да не може да избере дали сака таква, или поинаква иднина“, истакна Старџен.

Таа додаде дека со денешните изјави, премиерката Меј само успеала таквиот избор да биде поверојатен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП