19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛани на Кардиохирургија биле извршени 388 операции

Лани на Кардиохирургија биле извршени 388 операции

kardio3933

Хирурзите во Државната кардиохирургија, во 2016 година извршиле 388 операции од кои 150 се васкуларна хирургија, соопшти вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој заедно со директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани ја посетија Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

Тодоров посочи дека за васкуларна хирургија во минатото пациентите во најголема мерка се испраќале во приватните болници, каде се вршеле интервенции во најголем дел, а сега васкуларната хирургија има и на Државната кардиохирургија.

Истакна дека еден од најеминетните професори по васкуларна хирургија во Република Србија, Душан Бабиќ, кој една година живее во Скопје, работи со македонски тим васкуларни хирурзи кои веќе имаат одлични резултати и ги работат и најкомплицираните васкуларни операции.

„Во споредба со тоа што го имавме претходните години бележиме сериозен раст на бројот на пациенти“, рече Тодоров, па така првата година биле оперирани околу триесет пациенти, потоа нешто над 100 пациенти, за оваа година да има веќе 388 операции.

Двајца доктори се враќаат од супспецијализација во Загреб, кои пред две години биле пратени на супспецијализација во Клиниката „Ребро“ во Загреб за кардиохирургија, а од март веќе ќе бидат вклчуени во Мој термин. И другите здравствените работницибиле пратени на доусовршување, а дел вбиле и во Триемли болницата во Цирих.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски рече дека Универзитетската клиника за државна кардиохирургија располага со 79 милиони денари буџет за 2017 година што е за 20 милиони денари повеќе од буџетот во 2016 година.

Кардиохирургот Сашко Јовев од Државната кардиохирургија рече дека го следат трендот и го работат севкупниот спектар на кардиохирушки и големи васкуларни операции.
„Одиме со се поголема бројка и одлична успешност. Веќе полека етаблираме и специјализација по кардиохирургија тука. Имаме тројца специјализанти директно по кардиохирургија, шест годишна програма, затоа што покрај мене како професор имаме и неколку визитинг професори кои постојано доаѓаат и одржуваат предавања и се во контакт со нашите специјализанти. Значи полека го етаблираме и тоа и второ специјализантите по анестезија веќе доаѓаат на турнус по кардиоанестезија и интензивна кардиохирушка нега кај нас“, рече Јовев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП