25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе продаваат 11.000 станови, во Битола цените паднале за 8.000 денари по...

Се продаваат 11.000 станови, во Битола цените паднале за 8.000 денари по квадрат

stanovi399444

Цените на недвижностите бележат благ пад, поради зголемената градежна активност, а значително намалената побарувачка на станови.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски, презентирајќи го извештајот на Регистарот на цени и закупи за третиот квартал од минатата година, оцени дека цените на пазарот на недвижности се стабилни со благ пад во некои општини како реакција на презаситеноста на пазарот со новоизградени станови.

Во моментот на пазарот на недвижности слободни за продажба се околу 11.000 станови, од кои 2.800 изградени. Бројот на новоградби и станови во тек на градба односно понудата на станови на пазарот, според Трпески, моментно ја задоволуваат побарувачката на станови и има доволна залиха на новоизградени станови доколку побарувачката се зголеми.

Во третиот квартал, според регистарот, се регистрирани 646 продажби на новоградби, односно за 147 повеќе во однос на вториот квартал, кога биле регистрирани 499 продажби.

Според него, цените на становите по општини се стабилни и се во одредено ниво на флуктација од 3.000 денари помеѓу различни квартали, иако има и мал број општини каде овие разлики се повисоки и има некои надолни трендови на цените.

Во третиот квартал годинава цената на метар квадратен станбен простор во општина Центар изнесува 55.173 денари, што е намалување за 2.970 денари во однос на истиот квартал во 2015 година. Во општина Аеродром, пак, има раст на цената на становите, односно метар квадратен во третиот квартал изнесува 55.462 денари што е раст на цената за 5.835 денари, споредено со третиот квартал од 2015 година. Намалување на цената во третиот квартал од 2.645 денари е регистрирано во општина Карпош.

Надвор од Скопје стабилна цена на станбениот простор има во општина Струмица каде во третиот квартал 2015 година е регистрирана цена од 30.603 денари, а за истиот период оваа година е регистрирана просечна цена на од 31.320 денари. Во Битола, пак, има намалување за 8.311 денари на просечната цена за метар квадратен, односно ако во третиот квартал во 2015 година изнесувала 31.713 денари, во истиот квартал лани, цената била 23.402 денара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП