25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ја покажа обновената „четворка“ (фото)

BMW ја покажа обновената „четворка“ (фото)

mcetvorka 00

По бројните неофицијални кадри на прототипи, обновената „BMW Series 4“ беше oфицијално прикажана. Семејството ги вклучува верзиите „Coupe“, „Convertible“ (кабриолет), „Gran Coupe“ и моќната „M4“.

Промените се незначителни и речиси не се забележуваат, но сепак вклучуваат сет нови фарови со „LED“ технологија кои ги заменуваат поранешните ксенон светла. Покрај тоа, „LED“ стоп-светлата станаа препознатливи, има ситни промени во отворите за воздух во предниот браник и задниот. Онака, човек треба да е страствен симпатизер на „BMW“, за да забележи на што работеле дизајнерите во последната година.

mcetvorka 01

Она што нема како да остане незабележано, се новите бои – „Sunset Orange“ и „Snapper Rocks Blue“, како и новиот комплет тркала за секое едно од нивоата на опрема: „Advantage“, „Sport Line“, „Luxury“ и „M Sport“.

mcetvorka 02

Внатрешноста на обновената „Series 4“ открива повеќе хромирани акценти и елементи од црн лак по средишната конзола. Кожниот тапацир на централната конзола е веќе со двојни споеви што според Германците додава повеќе луксузно емитување на моделот, додека новите декоративни лајсни го разликуваат секое ниво на опрема.

mcetvorka 05

За доплата моделот се нуди и со нов навигациски систем „Professional“ кој добил обновен интерфејс и нов контролер, кој треба да ја направи употребата полесна и попријатна. За доплата баварците можат да го снабди автомобилот и со дигитален инструментален панел кој возачот може да подеси според своите лични преференци.

mcetvorka 03

„BMW Series 4 Coupe“ и „BMW Series 4 Gran Coupe“ ќе добијат и покрута суспензија, што се очекува да се подобри нивното управување, без да се компромитира удобност во внатрешноста. Инженерите се обложуваат кон овие промени не само во стандардните конфигурации, туку и кај „M Sport“ суспензијата и индивидуализираната суспензија, кои се нудат за доплата. Од верзиите „430i“/„430d“ нагоре

mcetvorka 04

Вкупно, семејството на „Series 4“ ќе вклучува не помалку од 31 комбинации на купе и погонски системи. Максималната моќност на бензинските варијанти ќе се движи од 184 КС во „420i“ до 326 КС во „440i“. Дизел семејство ќе се протега од 190 КС во „420d“ до 313 КС во „435d xDrive“. Клиентите ќе можат да ја нарачаат „Series 4 Gran Coupe“ во основната спецификација „418d“, која располага со 150 КС, додека системот за погон на четири тркала – „xDrive“ ќе се нуди за 12 верзии на „четворката“. Тој ќе биде стандарден само за модификациите „435d“ во секој од варијантите на купето.

mcetvorka 06

На врвот на пирамидата се „M4 Coupe“ и „M4 Convertible“, кои ќе ги добијат истите стилистички промени и 425 КС под капакот во стандардната спецификација и 444 КС, ако клиентот доплати за пакетот „Competition Package“. Ако за некој тоа не е доволно, од „BMW“ најверојатно ќе понудат уште поагресивна „M4 CS“ верзија во следните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП