16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba бара сојузници во борбата против лажните стоки

Alibaba бара сојузници во борбата против лажните стоки

alitasna33

Кинескиот онлајн концерн „Alibaba“ најави дека ќе работи заедно со светските брендови, меѓу кои се „Louis Vuitton“ и „Samsung“ во борбата против лажните стоки, кои се појавуваат на платформата за онлајн трговија на компанијата, информира „MarketWatch“.

Најголемиот кинески онлајн трговец ќе направи сојузи со 20 марки, трговски здруженија, експерти за заштита на интелектуалните права и регулаторни органи, прецизира компанијата.

Учесниците ќе го делат со „Alibaba“ своето искуство во областа на Авторизацијата на објектите на авторските права. „Alibaba“ пак ќе обезбеди податоци и техничка поддршка во борбата против лажните стоки.

Унијата ќе ја има поддршката на кинеските власти, забележува „Alibaba“.

Во минатиот месец САД ја врати „Alibaba“ во листата на пазарите со лоша глас кои продаваат фалсификувана стока.

Канцеларијата на американскиот трговски претставник соопшти дека онлајн платформата на „Alibaba“ за трговија тип „од корисник на корисник“ – „Taobao“ нуди „високи нивоа на лажни“ стоки и не одговара со потребната брзина, а компании се жалат дека се продаваат евтини копии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП