18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Ford Focus - враќање кон корените

Новиот Ford Focus – враќање кон корените

fford 0000

Британското списание „Autoexpress“ ги покажа првите слики на четвртата генерација на „Ford Focus“, што треба да се појави во 2018-та години со мотори и техника од новиот „Fiesta“. Хечбекот ќе има и електрична опција.

Во 2018-та на пазарот излегуваат и новите „Volkswagen Golf“ и „Opel Astra“, што дополнително ќе ја зајакне конкуренцијата во оваа класа.

Најважниот дел од „враќањето кон корените“ ќе се покаже дека „Focus“ повторно ќе нуди прецизно и стегнато управување – нешто од кое сегашниот модел се оддалечи. Третата генерација на „Focus“ беше развиена под знакот на концептот „One Ford“, за да се продава на сите светски пазари, и дефинитивно допушти компромиси во управувањето, коментира „Auto Express“. Сега, сепак тоа се менува – четвртата генерација исто така ќе се нуди глобално, но неговото однесување ќе биде оформено според изборот на европските клиенти. На чело на проектот е Британецот Дарен Палмер, кој ја направи седмата генерација на „Fiesta“ и поевтиниот „Ka +“ кој се составува во Индија.

Најверојатно новиот „Focus“ ќе биде изграден врз платформата „Global C“, но на Палмер и неговиот тим им било наложено дека суспензијата на автомобилот треба да го задржи удобното поставување, а во исто време новиот „Focus“ го врати вистинското управување и однесување на патот, со кои првите генерации на моделот станаа толку популарни. Се претпоставува дека меѓуоскиното растојание на моделот ќе се зголеми малку, од што ќе имаат корист патници одзади, а слично на новата „Fiesta“, од палетата на следниот „Focus“ ќе отсуствуваат поевтини варијанти, т.е акцентот ќе биде на спортската „ST-Line“ и луксузниот „Vignale“.

fford 0001

Секако, ќе има и т.н. офроуд верзија „Active“, уште едно решение, кое го има „Fiesta“, а оваа опција ќе е со подигната суспензија и дополнителни елементи на каросеријата. Но „Focus Active“ ќе се нуди со погон 4х4, најверојатно како опција.

Основниот мотор во палетата на новиот „Focus“ ќе биде најуспешниот 1-литарски „EcoBoost“, а можеме да го очекуваме во три варијанти на моќност: 100, 125 и 140 коњски сили, а освен тоа е можна и појавата на основната верзија со 1-литарскиот трицилиндарски атмосферски мотор со 85 коњски сили. Кај дизел основен ќе е 1,5-литарскиот турбо дизел со 85 и 120 коњски сили, но е можно во палетата да влезе 2-литарски „TDCi“.

Речиси сигурно е дека во палетата на „Focus“ ќе има хибридна и електрична варијанта на новиот модел, но тие ќе се појават малку подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП