19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Универзитетите на милијардерите

График на денот: Универзитетите на милијардерите

uni 0000

Сакате да дознаете нешто повеќе за историјата на економијата, како да енкриптирате со „Ruby on Rails“ или основи на теоријата на струните? Може сето тоа да го најдете бесплатно на интернет и секој кој има време или енергија за тоа, а може да учи директно од експертите, коментира „VisualCapitalist“.

Информациската ера ни обезбедува невиден пристап до знаењето на светот и токму поради тоа некои мислители на нашето време сметаат дека улогата на колеџите и универзитетите се повеќе ќе се намалува.

А веќе има и доказ за тоа. Последната „жетвата“ од успешни претприемачи како Ивон Шпигел или Марк Цукерберг веќе докажува дека претприемачите можат да заработуваат милијарди, без да поминат цели четири години во училницата. Следната генерација ќе биде дури помалку поврзана со присуството на вистински универзитети.

Иако според некои реалната академска вредност на овие институции е нарушена од пристапот до дигиталниот свет, нивната вредност како места каде што можеш „да се јавите“ со овие идни лидери останува недопрена.

Според секој успешен бизнисмен развивањето на силна мрежа претставува половина од битката. Што се однесува до училиштата, Харвард е совршен пример за „ефектот на мрежата“ во акција.

Досега вкупно 35 од најбогатите 500 луѓе во светот се дојдени од Харвард. Всушност повеќе милијардери имаат завршено Харвард, отколку сите милијардери од Саудиска Арабија и Шпанија, донесена заедно.

Генералното нето богатството на првите 35-те милијардери завршиле на Харвард? 309 милијарди долари, што е блиску до бруто домашниот производ (БДП) на Хонг Конг или Ирска. Меѓу најпознатите кои завршиле на универзитетот се имиња како Чарли Мекнгер (потпретседател на „Berkshire Hathaway“), Мег Витман (претседател и извршен директор на „HP Enterprise“), Стив Балмер (поранешен извршен директор на „Microsoft“) и Мајкл Блумберг (поранешен градоначалник на Њујорк и сопственик на „Bloomberg“). Денешните студенти и професори на Харвард може секој ден да имаат корист од оваа престижна мрежа.

Елитните универзитети се уште служат како механизми со кои ги земаат умните и со добри социјални вештини (или и двете) студенти. Во топ училиштата како Станфорд или Харвард бројот на примени студенти е помалку од 6% од кандидатите, а тоа им дава на учениците добро изградена и привилегирана мрежа уште од почетокот.

uni 0001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП