20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите инвестираат во златото и јенот, ги продаваат фунтите и акциите

Инвеститорите инвестираат во златото и јенот, ги продаваат фунтите и акциите

zlatoloshizbor41654e64ge64gs64gs

Инвеститорите ги продаваат фунтите и акциите, барајќи засолниште во злато и јапонскиот јен. Таквата реакција на инвеститорите предизвика несигурност по повод излегувањето на Велика Британија од Европската унија и политиките на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Американските берзи се затворени поради државниот празник Денот на Мартин Лутер Кинг, што е и причина за намалување на активностите и на останатите светски берзи. Доларот забележа скок, освен во однос на јенот, кој се опоравува од минатонеделниот најголем пад од ноември па навака.

Цената на златото, кое важи за засолниште во време на неизвесност, денеска скокна на највисоко ниво од ноември. Фунтата пак падна на 1,1983 долари на азиското тргување, додека главниот индекс на лондонска берза FTSE 100 забележападод 0,2 отсто.

Акциите на германските автомобилки компании BMW, Draimlerи VW паднавоопсегод 1,6 до 1,8 отсто, по предупредувањата на Трамп дека ќе воведе гранични даноци од 35 отсто за увоз на своите возила на пазарот во САД. Еврото скокна за 0,6 отсто, на 87,97 пени, додека јенот се зголеми за 0,8 отсто на 137,40 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП