25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Music планира видео офанзива

Apple Music планира видео офанзива

imuzik32

Одамна постојат гласини дека „Apple“ планира да ја прошири својата услуга за музички стриминг „Apple Music“ со телевизиски шоу програми. Сега овие информации пристигнуваат и од менаџерот на компанијата Џими Ајовин кој потврдува за „TechCrunch“ дека компанијата планира видеопродукција.

„Ние се обидуваме да создадеме едно општо попкултурно искуство, а тоа вклучува аудио и видео“, вели тој, но додаде дека не ја замислува компанијата да произведува серии како „South Park“.

Кога „Apple Music“ ќе стартува со своите видео апликации се уште не е јасно. Според Ајовин сепак нема да има бесплатна верзија на услугата за видео стриминг.

Ајовин коментира и како „Apple“ ќе ја направи својата услуга да се издвојува во однос на услугите на денешните стриминг музички конкуренти, како „Spotify“ и „Pandora“ кои се насочени кон претворање на корисниците на бесплатната услуга во платени претплатници.

„Ние не се бориме бесплатно. Еве каков е договорот – еве ви една едноставна програма, каде се сите песни, тука е целата музика, дајте ми 10 долари и сè ќе биде во ред“, вели тој.

„Apple Music“ нема бесплатна верзија, освен бесплатниот двомесечен пробен период, што е сериозна разлика од конкурентите. „Spotify“, на пример, вели дека 80 отсто од неговите платени претплатници започнале со користењето на услугата како бесплатни корисници, поради што таа продолжува да им ја нуди „Freemium“ како влезна точка кон својата услуга.

Во исто време „Apple“ не само што се фокусира на трансформирање на „Apple Music“ во платена услуга, но исто ќе ги исклучи другите содржини за бесплатен стриминг што се издржуваат од реклами, „iTunes Radio“ кој предлагаше кураторски радио станици врз основа на одреден жанр. Тие останаа достапни само за претплатници на „Apple Music“ од почетокот на 2016-та година.

Овој потег можеби ќе се исплати. Во декември „Apple“ изјави дека има 20 милиони платени корисници – речиси половина од оние на „Spotify“. Но треба да се има предвид дека шведската услуга ги започна своите активности доста порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП