29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 2 недели богатството на Цукерберг се зголеми за 5 милијарди долари

За 2 недели богатството на Цукерберг се зголеми за 5 милијарди долари

markzuckerberg203

Нето богатството на сопственикот на Facebook, Марк Цукенбер само во првите две недели на 2017-та година се зголемило за речиси пет милијарди долари.

Тоа е доволно за закрепнување по загубите кои ги претрпеа aкциите на Facebook непосредно по изненадната победа на Доналд Трамп во претседателската трка во САД. Оживување на богатството на Цукерберг доаѓа на позадината на повисоки приходи, пријавени од неговата компанија, и како резултат на серија позитивни прогнози на водечките аналитичари, кои доведоа до раст на акциите на Facebook во близина на нивниот рекорден врв од малку над 133 долари достигнат минатиот октомври.

Во петокот акциите на социјалните медиуми ја затворија трговијата со покачување до 128,34 долари, а треба да се има предвид дека Марк Цукерберг поседува 410 милиони од нив.

Според листата на „Форбс”, богатството на Марк Цукерберг веќе се проценува на 53,8 милијарди долари. Ова го става сопственикот на Facebook на петто место во светски рамки зад Бил Гејтс, Ворен Бафет, Џеф Безос и Амансио Ортега од Шпанија, од кои секој поседува богатство од над 70 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП