20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кина стартуваше истрага за лажните зачини

Во Кина стартуваше истрага за лажните зачини

kina zacini333

Кинеските власти започнаа обемна истрага во речиси 50 фабрики за кои се тврди дека произведуваат лажни верзии на зачини и сосови за храна кои многу се користат во Кина.

Оваа реакција доаѓа откако репортерите на Beijing News открија разработена операција во близина на градот Тијанџин.

Фабриките наводно користеле неодобрени состојки, како на пример индустриска сол, при производството на зачини, соја сос и оцет, се вели во соопштението.

Производите се означени со брендови, вклучувајќи ги Maggi, Knorr и Nestlе.

Во Кина како и низ цела Азија, зачините многу често се користат при готвење.

Кина ја потресоа низа скандали со храна во последниве години, како тој во 2008 година кога починаа шест бебиња, а повеќе од 300.000 деца се разболеа од расипано млеко во прав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП