20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабранет сообраќај за товарни возила на повеќе патни правци

Забранет сообраќај за товарни возила на повеќе патни правци

straza-696x417

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража е воведена вчера од 18:30 часот, информираат од АМСМ.

Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на екипите на Македонија пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Штип, Неготино, Демир Капија, Удово, Петровец, Кула и на планинските превои Стража и Ѓавато.

Исто така, забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот превој Пресека, воведена е вчера од 20 часот, информираат од АМСМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП