25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроблемот со Југохром ќе го решава новата влада

Проблемот со Југохром ќе го решава новата влада

Sredba-Vlada-pretstavnici-na-Jugohrom-696x359

Владата цени дека во решавањето на проблемот со Југохром треба да се земаат во предвид интересите на вработените, интересите за почитување на еколошките стандарди и интересите на компанијата.

„Постои можност, простор и зона на прифатливост за усогласување на овие три интереси, без ниту еден интерес да наштети на другите интереси. Деталите и опциите за усогласување на трите интереси квалитетно би можеле да се разработат од страна на политичката Влада“, се вели во соопштението од Владата, по средбата со претставници на Југохром.

Инаку претставниците на Југохром бараа прием во Владата за да се изнајде решение за нивниот проблем, односно надлежните да дозволат комбинатот повторно да започне со работа.

Министерството за животна средина нареди запирање на работата на Југохром откако компанијата не успеа навреме да инсталира филтри.

Еколошките здруженија го посочија Југохром за главен виновник за загадениот воздух во Полошко, иако од комбинатот тврдат дека тие не се најголемиот загадувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП