28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВакцината Ди-Те-Пер, децата место на 4 ќе ја примаат на 6 години

Вакцината Ди-Те-Пер, децата место на 4 ќе ја примаат на 6 години

vakcini-1-696x461

Место на 4 години, ревакцинацијата со вакцината Ди-Те-Пер децата ќе ја примаат на 6 години, со што ќе имаат една вакцина помалку.

Тое се предвидува со новите измени во правилата за имунизација на децата, а д-р Јованка Костовска објаснува дека вакцината не е укината туку измената е како резултат на поливалентните вакцини.

„Со вовед на поливалентни вакцини Ди-Те-Пер во рамки на поливалентни вакцини беше Ди-Те-Пер ацелурална или вакцина која дава помалку несакани реакции. Бидејќи во европски рамки околу триесетина држави Ди-Те-Пер вакцината наместо на 4 ја даваат на 6-7 години комбинирана со инактивна полио, а второ СЗО вели дека треба да почнеме со имплементација наместо со орална полио вакцина со инактивна полио вакцина. Затоа одлучивме наместо на 4 години Ди-Те-Пер децата да ја примаат на 6 години како комбинирана Ди-Те-Пер ацелурална со инактвина полио вакцина“, вели Костовска.

На овој начин, објаснува, ќе има помалку несакани реакции кај децата, а се почитува и препораката на СЗО.

„Сите деца што до декември примиле ди-те-пер вакцина на 4 -годишна возраст по стариот календар, си продолжуваат со сите вакцини на 6-7 години. А сите деца кои што оваа 2017 година прават 4 години и кои што нема да ја примат Ди-Те-Пер вакцината кога ќе бидат на 6 години во 2019 година ќе си ја примат пак Ди-Те-Пер како комбинирана Ди-Те-Пер ацелурална комбинирана со инактивна полио“, појаснува докторката.

Вакцината за заштита од дифтерија, тетанус и пертусус (голема кашлца) најпрво се прима на 4-6 месечна возраст, потоа следува ревакцинација на 18 месеци, на 4 години , на 7 години и последната ревакцинација на 14 години. Сега децата ќе бидат боцкани еднаш помалку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП