19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА18.600 матуранти ќе бидат оценувани преку екстерно

18.600 матуранти ќе бидат оценувани преку екстерно

testiranje eks33

Екстерното тестирање ќе опфати 18.600 ученици од завршните години во средното образование, соопшти Државниот испитен центар.

Од таму претходно информираа дека поради продолжување на зимскиот распуст, екстерно проверување на постигањата на учениците ќе се спроведе од 30 јануари до 3 февруари 2017 година.

Една недела пред тестирањето учениците ќе добијат информација за деновите на тестирање, а три дена пред тестирањето (27 јануари 2017) ќе бидат објавени и предметите по кои ќе бидат проверувани.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП