25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШест нови компании се вклучени во индексите SEE LinX и SEE LinX...

Шест нови компании се вклучени во индексите SEE LinX и SEE LinX EW

Capture11

По приклучувањето на СЕЕ Линк од страна на Белградската и Љубљанската берза кон крајот на 2016 година, СЕЕ Линк индексите SEE LinX и SEE LinX EWI беа ревидирани со нови компоненти со цел да се обезбеди соодветна претставеност на сите инволвирани пазари на хартии од вредност.

Комитетот на СЕЕ Линк за индекси ги вклучи следните акции во SEE LinX и SEE LinX EWI индексите: Енергопројект холдинг АД Белград (Белградска берза), НИС АД Нови Сад (Белградска берза), Горење АД Велење (Љубљанска берза), Крка АД Ново Место (Љубљанска берза), Петрол АД Љубљана (Љубљанска берза) и Заваровалница Триглав АД Љубљана (Љубљанска берза).

Пресметката на индексите со новите компоненти ќе започне од понеделникот, 16-ти јануари 2017 година.

Capture

SEE LinX е индекс пондериран со пазарната капитализација прилагоден со free-float-от на секој од елементите во неговиот состав, додека SEE LinX EWI е еднакво пондериран индекс со истиот состав како SEE LinX.

Базната вредност на двата индекси е утврдена на 100 поени и истите се пресметуваат во реално време во валута евра.

СЕЕ Линк системот за регионално пренасочување на налозите за тргување стана целосно оперативен на 01 април минатата година, а двата индекси SEE LinX и SEE LinX EWI беа лансирани набрзо потоа.

Уште три берзи преземаат активности за приклучување кон СЕЕ Линк: Атинската, Бања Лучката и Монтенегро берзата, а уште неколку берзи од регионот имаат интерес за пристапување на проектот.

Системот за регионално пренасочување на налозите за тргување сега поддржува тргување на вкупно пет пазари, со пазарна капитализација од повеќе од 38,5 милијарди долари и повеќе од 500 акции со кои може да се тргува.

Системот има за цел да се зголеми ликвидноста и да се подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП