Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e зголемен за 1.7%, а кај аутпутот е намален за 2.0%.
Во декември 2016 година, во споредба со декември 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.8 а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.7.
Во делот аутпут, во декември 2016 година, во споредба со декември 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95.8.