23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes E Class доби модифицирана верзија (фото)

Mercedes E Class доби модифицирана верзија (фото)

bramecka 000

Германската компанија „Brabus“ се занимава со преуредување на модели на „Mercedes“ од 1977-ма година. Последната креација од нивната работилница е „Brabus“ верзијата на актуелната „E Сlasѕ“.

За оние кои не се задоволни со сериската верзија на оваа лимузина, подготвени се низа козметички интервенции. Стилскиот пакет опфаќа нови отвори за воздух и мал спојлер на долниот дел на предниот браник, кој на автомобилот му дава динамичен изглед, но и подобри аеродинамични карактеристики.

bramecka 001

На крајот на капакот на багажникот се наоѓа дискретен спојлер, додека на задниот браник содржи дифузор кој има по еден пар издувни цевки на секоја страна.

Со дополнителна доплата, „Brabus“ нуди и специјални алуминиумски бандажи со дименции од 18 до 21 инч. Најголемите се одлични за спортските гуми со димензии 255/30 ZR21 напред, oдносно 295/25 ZR21 позади.

На купувачите на располагање им е модифицирана, тврда суспензија, благодарејќи на која автомобилот е спуштен за околу 30 mm во однос на регуларната „E Сlasѕ“. „Brabus“ оваа опција ја нуди само за верзии кои имаат воздушна суспензија.

bramecka 002

Кога станува збор за подобрувањето на погонските едници, 3.0 литарскиот V6 дизел кој е вграден во „Mercedes E350d“ доби „инекција“ на моќта од 50 ks, додека максималниот вртежен момент е зголемен за 100 Nm, па така овој модел во „Brabus“ верзија произведува 308 ks (227 kW) и 720 Nm.

Тоа е доволно автомобилот од 0 дo 100 km/h да стигне за 5,7 секунди (побрзо за 0,2 секунди од регуларната верзија).

„Brabus“ понуди и помоќна верзија за послабиот дизел, „E220d“. Oвој модел е помоќен за 27 ks (на 222 ks), додека максималниот вртежен момент е зголемен за 50 Nm (нa 450 Nm).

bramecka 003

Германскиот „тјунер“ нуди и подобрување на основниот бензинец, „Mercedes E200“, чија моќ е од регуларните 184 ks зголемена е на 224 ks.

Разни модификации достапни се и во кабината на автомобилите, каде на располагање се навлаки од кожа и „Alcantarа“, како и украсни детали од нерѓосувачки челик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП