29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбновена опремата во Клиниката за токсикологија, потребен е персонал

Обновена опремата во Клиниката за токсикологија, потребен е персонал

todorov-klinika-za-toksikologija-696x426

Многу нови апарати се набавени за Клиниката за токсикологија, а најголем дел од нив се ставени во функција, но потребен е персонал, лекари, медицински сестри и друг кадар.

Се работи за за опрема во вредност од 11,5 милиони денари (околу 180 илјади евра), рече вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој во понеделникот ја посети Клиниката каде се сретна со менаџментот на оваа јавна здравствена установа.

„Оваа клиника во голема мерка функционира како Интернистички ургентен центар, постојано се справува со зголемен број на пациенти. Од година во година се зголемува бројот на пациентите, а и структурата на пациентите е различна. Од тој аспект одлучивме да инвестираме во нова опрема, делумно замена на постојната опрема која ја имале, делумно набавка на иста опрема, но во поголема количина, на пример поголем број монитори, а делумно и опрема која претходно воопшто ја немале“, изјави Тодоров.

„Досега овој Интернистички ургентен центар функционирал само со четири монитори, а сега се набавени дополнителни 14. Исто така, набавени се и нови ЕКГ апарати, нови дефибрилатори, нешто што сериозно ќе помогне да се подобри работата на оваа Клиника. Очекуваме уште еден дел од оваа опрема да пристигне во наредните денови со што комплетно ќе се заокружи целата оваа набавка на опрема за Клиниката за токсикологија“, рече Тодоров.

На средбата со менаџментот на Клиниката разговарале и за потребата од кадар.

„Иако јас откога сум министер досега имаме вработено во здравството околу 5.000 здравствени работници и соработници, сепак сé уште има потреба од нови вработувања во здравството“, вели Тодоров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП