29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоднесување на Годишна даночна пријава и пријавување на приходи во УЈП

Поднесување на Годишна даночна пријава и пријавување на приходи во УЈП

ujp

Годишна даночна пријава задолжително се поднесува најдоцна до 15-ти март 2017 година, доколку во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, се оствариле и дополнителни приходи.

Како дополнителни приходи се сметаат кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот.

Исто така како дополнителни приходи се сметаат остварени поединечни добивки од општи игри на среќа (лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа) во износ поголем од 5.000 денари; игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници; интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр. www.freelancer.com, www.upwork.com и др.; поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари);

Исто така, лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; ако работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација и други дополнителни приходи, надвор од редовната плата или пензија.

Работодавачот, односно исплатувачот на приходот, кој исплатил приход во изминатата година, има законска обврска најдоцна до 25 јануари 2017 година да издаде збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатени приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2016 година.

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишната бруто пензија, социјални придонеси и персонален данок.

Фондот за здрaвствено осигурување (ФЗО) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишнoтo породилното боледување, социјални придонеси и персонален данок.

Збирните пресметки се неопходни за да можете точно и навремено да се пријавите приходите во Годишната даночна пријава.

Годишната даночна пријава е бесплатна и можете да ја преземете од веб-страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21).

Во Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) е овозможен компјутерски внес на податоците во бараните полиња. Откако ќе ги пополните податоците, отпечатете ја пријавата во 2 примерока.

Доколку сте регистриран корисник на системот е-Даноци, Годишната даночна пријава пополнете ја он-лајн и поднесете ја електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

Пополнетата Годишна даночна пријава можете да ја поднесете и во најблиската даночна канцеларија на УЈП или преку пошта. За точна адреса и локација на даночните канцеларии кликнете http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt/makedonija

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП