25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLily ќе остане само неостварен сон

Lily ќе остане само неостварен сон

dron-lily333

Помина скоро една година и половина откако во јавноста се појави симпатичниот дрон Lily, па така за остварување на таа идеа се собраа дури 34 милиони долари по пат на резервација.

Основната идеја на авторот на дронот со камера Lily, беше да овозможи поедноставно снимање на автопортрети и други слични снимки од воздух на сите, па дури и на оние кои не се разбираат ниту во работа со дронови ниту во снимање. Lily е замислен така што се фрла во воздух , а потоа тој го следи корисникот и го снима секое негово движење.

Сепак компанијата која стои зад проектот си зазаде преголема цел. Имено, објавија дека ги изненадиле големите трошоци за истражување и развој на производот, па така тие веќе не се во можност да го започнат производството, на купувачите да им го испорача нивниот дрон. Откако не успеаја да обезбедат надворешен инвеститор со свеж капитал, објавија дека ќе ја затворат компанијата и целиот тој проект.

Се што е останато на сметките ќе се искорити за враќање на парите на купувачите кои својот дрон го нарачале по пат на резервација. Со оглед на тоа што дронот Lily не беше финансиран по пат на crowdfunding сервисот, туку по пат на сопствена веб страница, клиентите останаа незаштитени и препуштени на милост на оваа компанија. Нејзините сопственици ветуваат дека ќе ги вратат сите уплатени пари на над 60 илјади купувачи во наредните 60 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП