19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНормализиран сообраќајот на Плетвар, забрани на Стража и Пресека

Нормализиран сообраќајот на Плетвар, забрани на Стража и Пресека

sneg-zima333

Од 10.50 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена на планинските превои Стража и Пресека и на патниот правец од крак Маврово кон Дебар и обратно.

Патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато во зимски услови по влажни коловози со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонијапат. Снег со променлив интензитет се бележи на територија на целата држава.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Макакедонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП