25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla стави крај на бесплатнoто полнење

Tesla стави крај на бесплатнoто полнење

polnac teslata 00

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ конечно стави крај на бесплатното полнење на своите станици „Supercharger“.

Досега компанијата им даваше право на сите свои клиенти за неограничено бесплатно полнење на станиците. Купените „Tesla“ возила по 15-ти јануари, меѓутоа, нема да го имаат тоа право. Тие ќе плаќаат фиксни тарифи, различни за поединечните пазари.

Со „Tesla“ патување од Рим до Париз ќе чини до 60 евра, пресметува компанијата. Со нормално дизел возило тоа би излегло околу 135 евра според сегашните цени на дизелот во Италија и Франција.

polnac teslata 01

Во Велика Британија на пример цената е 20 пени (23 евроценти) за киловат, што значи максимум 23 евра за целосно полнење за најмоќните батерии. Компанијата исто така проценува колку ќе ги чини европските сопственици да го поминат растојанието од Рим до Париз (речиси 1.500 километри) – околу 60 евра.

Старите клиенти на „Tesla“ го задржуваат правото за бесплатно полнење за целиот животен циклус на автомобилите. Новите како делумна компензација ќе добиваат ваучер за 400 киловат-часови еднаш во годината – на датумот на кој бил доставен нивниот автомобил.

Компанијата има изградено станици „Supercharger“ на 795 локации низ целиот свет, со вкупно над 5.000 полначи.

„Tesla“ ќе воведе и казнена такса за оние автомобили кои ќе останат на местата, откако веќе ги наполнат батериите. Тоа е поголем проблем за компанијата, бидејќи се повеќе клиенти си ги оставаат автомобилите подолго на станиците и им пречат на останатите да ги користат.

polnac teslata 02

Затоа во моментот кога полнењето ќе заврши, сопствениците ќе бидат предупредени преку мобилната апликација на компанијата. За секоја наредна минута престој на колоната ќе им се наплаќа еквивалент на 45 евроценти глоба.

„Корисниците не би си го оставиле автомобилот паркиран во колоната за бензин. Истото би требало да се применува и кај нашите станици за полнење“, изјави портпаролот на „Tesla“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП