24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродажбата на PC уреди продолжува да паѓа

Продажбата на PC уреди продолжува да паѓа

kompjuterite304
Продажбата на персонални компјутери во светот продолжила да се намалува и во 2016 година, што е четврта година по ред, и тоа за 6,2 отсто, на 269,7 милиони единици.

Само во четвртиот квартал од минатата година глобалната понуда на персонални компјутери се намалила на 72,6 милиони единици, што е за 3,7 отсто помалку во однос на истиот квартал од 2015 година, според прелиминарните податоци ИТ консултантска фирма Gartner.

„Стагнацијата на пазарот продолжи и во четвртиот квартал од 2016 година, што е и вообичаено бидијќи за време на празниците продажбата се намалува, што се должи на промена на навиките при купувањето на компјутер”, изјави во соопштение главната аналитичарка на Gartner, Микако Китагва.

Според неа, PC пазар е во стагнација бидејќи технолошките подобрувања не се доволни за да го започнат неговиот вистински раст. И покрај порастот на продажбата на иновативни уреди како шти се хибридниот мобилен компјутер со оделни “таблет” екрани, таа побарувачка не може да ја надокнади продажбата на традиционалните модели, објаснуваат во Gartner.

Друг фактор е доцнењето на замената на старите компјутери или лаптопи со нови модели, бидејќи тие се поретко се користат, затоа што на интернет се сурфа преку паметни телефони, рече Китагва. И покрај стагнација на пазарот, таа потенцијалот за персонални компјутери го гледа во бизнисот и игрите, но според неа тоа нема да биде доволно да се запре падот на пазарот, барем не и во следната година. крај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП