29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените од Југохром на средба во Владата

Вработените од Југохром на средба во Владата

jugohrom-3905

Претставници на синдикалната организација на Југохром Алзар од Јегуновце, во понеделник во 14 часот ќе одржат средба со премиерот Емил Димитриев, за решавање на судбината на фабриката.

Средбата ќе се одржи во просториите на Владата по барање на вработените во Југохром, кои веќе неколку месеци се дома и не одат на работа, откако Југохром ги изгаси печките поради загадувањето во Тетово.

Претставници на Синдикатот на вработените во „Југохром Алзар“ предадоа писмо – ургенција до Второстепената комисија на Владата, како охрабрување и поттик комисијата да одговори позитивно на жалбата против, според нив неоправданото искучување од работа на фабриката.

„Југохром“ ги изгаси печките на почетокот од ноември по одлука на Министерството за животна средина кое посочи дека компанијата ги пробила роковите за изградба на пречистителна станица за издувните гасови кои го загадуваат воздухот во регионот.

Од тогаш, неколкупати вработените во фабриката протестираа, со цел да се рестартира фабриката, а тие да се вратат на работа.

Од компанијата најавуваат дека системот на отпрашување ќе биде завршен кон крајот на април, а досегашните одлагања се должат единствено на долгото чекање на дозволи и мислења од државните институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП