25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy S8 доаѓа во април. Дали ќе ги надмине S4 и S3?

Galaxy S8 доаѓа во април. Дали ќе ги надмине S4 и S3?

gali-39

Технолошки гигант „Samsung“ наскоро може да го претстави својот долгоочекуван модел – „Galaxy S8“. Всушност прогнозите покажуваат дека тоа може да се случи во средината на април.

Според неименуван извор ќе го видиме новиот предводник на 18-ти април. Причина за изборот на овој датум на премиерата на моделот може да биде желбата на компанијата да го повтори рекордното остварување на смартофните „Galaxy S4“ и „S3“.

Треба да се напомене дека компанијата засега не ги потврди информациите кои се појавија во медиумите.

Претставникот на „Samsung Electronics“ Чо Сео Хи соопшти: претходите премиум модели на компанијата обично претставуваа 2-4 недели пред нивното појавување на пазарот.

Потсетуваме дека претходно беше соопштено дека „Samsung“ планира да пушти на пазарот 60 милиони примероци на „S8“.

Ако се сеќавате, во 2013-та година дебитираше „Galaxy S4“. Тогаш беа пуштени 70 милиони примероци. Во исто време од „Galaxy S3“ беа произведени 65 милиони.

Според друг, можно е преместувањето на премиерата во април да значи дека „Samsung“ има поголеми амбиции отколку порано. Тие веројатно се поврзани со загубите предизвикани од моделот „Note“.

Се претпоставува дека масовното производство на „S8“ ќе започне во март оваа година. Затоа уште во февруари компанијата ќе добие од своите добавувачи сите потребни електронски компоненти.

Меѓу нив е модулот за скенер на мрежницата од „Patron“ и леќа за камерата од Sekonix.

Според податоците на маркетинг компанијата „IDC“, светскиот пазар на паметни телефони во 2016-та година пораснал само со 1,6%. Продажбата на паметни телефони во текот на изминатата година изнесуваат 1 милијарда и 460 милиони уреди.

„IDC“ предвидува дека во 2017-та година показателот за раст на пазарот на смартфони ќе биде 4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП