20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканскa банка планира да затвори 400 филијали до 2018-та

Американскa банка планира да затвори 400 филијали до 2018-та

wells fargo3003

Една од најголемите американски банки „Wells Fargo“ вчера соопшти дека планира да затвори повеќе од 400 банкарски филијали до крајот на 2018-та година. Во 2016-та година банката веќе затвори 84 локации.

Зголемувањето во бројката на банкарски филијали и канцеларии кои треба да се затворат доаѓа од пренасочувањето на американските потрошувачи кон користењето на онлајн и мобилно банкарство.

Доста агресивни при затворањето на банкарски филијали во последните години се и други две американски банки – „Bank of America“ и „JPMorgan Chase“.

Од „Wells Fargo“ објавија уште дека плановите за затворање на дел од филијалите се поврзани со штедењето на до 2 милијарди долари годишно во следните години.

Промената во политиката, која доаѓа по промената во однесувањето на потрошувачите, едвај ќе влијае драстично на банката. Таа има над 1.000 филијали повеќе од која и да е друга банка во САД.

Денес „Wells Fargo“ располага со 6.000 филијали во 39 држави.

Од 2012-та година до денес банката ги намалила банкарски филијали со околу 2%, во однос на намалувањето од 9 и 15 проценти за „JPMorgan Chase“ и „Bank of America“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП