25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлетвар затворен за тешки товарни возила

Плетвар затворен за тешки товарни возила

sneg pat3

Од 8 часот утрово се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар од превентивни причини, соопштија од АМСМ.

Патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонија пат.

Снег со слаб интензитет провејува на Пoпопва Шапка, Маврово, Стража, Кичево, Македонски Брод, Железнец, Буково, Ресен, Ѓавато, Битола, Прилеп, Плетвар, Гевгелија, Удово, Демир Капија, Неготино, Велес и Кула.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15 ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Деве Баир каде има задржување од 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од денес 16.01.2017 нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса која ќе предизвика претежно облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни делови од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните подрачја. Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП