23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеми на Јунајтед и Луверпул

Реми на Јунајтед и Луверпул

42916333587bb9de111f9215681417_w640

Во најголемото дерби во англискиот фудбал, Манчестер Јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафолд“ ремизираа со резултат 1-1.

Гостите поведоа во 27 минута со голот на Џејмс Милнер од пенал откако Пол Погба играше со рака, а изедначи Златан Ибрахимовиќ во 84 минута.

Јунајтед во првото полувреме имаше две големи шанси, но првата ја промаши Погба при резултат 0-0, а втората Хенрик Мхитаријан кога гостите веќе водеа. Опасно се закани и Ибрахимовиќ од слободен удар, но Симон Мињоле беше подготвен.

Манчестер можеше да изедначи во 55 минута, но Мартиал не ја погоди топката иако беше во одлична позиција. Возвратија гостите во 60 минута, кога непрецизен беше Фирмињо. Далеку подобрата игра во продолжението од мечот домашните ја реализираа со голот во 84 минута. Прво Фелаини со удар со глава ја погоди пречката, а во продолжението од акцијата Ибрахимовиќ исто така со глава ја втурна топката во мрежата.

Манчестерските „црвени ѓаволи“ и ливерпулските „редси“ (црвени) се најтрофејните англиски клубови – Јунајтед, најголемиот дел во ерата на сер Алекс Фергусон, рекордни 20 титули, а Ливерпул има 18 наслови англиски шампион. Трет е Арсенал со 13 титули, а ниту еден други луб нема повеќе од десет титули.

Неделниот беше 50-от нивен дуел откако лигата го носи насловот Премиршип, и во овој период Манчестер Јунајтед оствари 27 победи, а Ливерпул 13 со десет нерешени средби.

Со ова реми Јунајтед ја прекина низата од шест последователни победи, но и ја продолжи серијата без пораз на 12 натпревари, додека Ливерпул е без пораз во последните шест првенствени кола.

На табелата води Челзи со 52 бода, Тотенхем и Ливерпул имаат по 45 бодови, Арсенал е четврти со 44 бодови. Следат Манчестер Сити со 42 и Манчестер Јунајтед со 40 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП