28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПатниот правец Македонски Брод – Здуње во прекин, отсечени 11 села

Патниот правец Македонски Брод – Здуње во прекин, отсечени 11 села

sneg pat3

Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

На 14.01.2017 година од 04:30 часот сообраќајот на Автопатот „ Гостивар – Тетово“ кај клучка Жеровјане, кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода, е нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Слаб дожд врне низ цела Македонија, додека снег со слаб интензитет паѓа на П.Шапка, Стража, Маврово и Буково.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП