Најдобро рангираната македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на Аустралиан Опен 2017.
Лина на чекор пред пласманот на главниот турнир загуби од Стефани Фогеле (114 на ВТА, а најдобар нејзин ранг 42), првата носителка на квалификациониот турнир.
После 1 час и 54 минути игра резултатот и искуството беа на страна Фогеле која победи со резултат 4:6, 6:3, 6:2. Со овој резултат Лина стана првата македонска тенисерка која стигнала и одиграла три натпревара во квалификациите на Гренд Слем турнир.