20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda ќе предложи целосно нов хибрид

Honda ќе предложи целосно нов хибрид

2017 Honda Accord Hybrid

Во 2018-та година компанијата „Honda“ ќе предложи целосно нов хибриден модел, кој во моментов нема аналог со мотор со внатрешно согорување. Ова го објави претседателот и извршен директор на јапонскиот производител Такахиро Хачиго.

Во моментов изработеното возило се уште нема име, но се знае дека тој ќе ја превземе технологијата од обновената „Honda Accord Hybrid“. Тоа е најекономичниот седан со средни димензии на американскиот пазар, а ќе биде конкурент на моделите „Ford Fusion Hybrid“ и „Toyota Camry Hybrid“.

Според официјалните податоци хибридниот „Accord“ троши само 4,9 l / 100 km. Во неговиот агрегат со моќност од 212 КС влегуваат 2.0-литарски бензински мотор кој работи на циклусот на Аткинсон, и електромотор. Автомобилот има 3 режими на работа, а технологијата на „Honda“ за менување треба да користи и во комерцијалните модели.

Јапонците предвидуваат до 2 години половина од новите модели на марката кои ќе бидат понудени на пазарот во САД, да бидат опремени со хибридни технологии. Целта е во 2030-та година, околу 2/3 од продажбата на „Honda“ да биде токму на „зелени“ модели.

Интересно е дека „Honda“ со престана производството на хибридниот „CR-Z“, а исто така се откажа и од хибридниот „Civic“, како од хибридната верзија на „Accord“, која се полни од електричната мрежа. Токму последниот ќе биде заменет од новиот модел, кој најверојатно ќе стане дел од семејството „Clarity“. Сега во него влегува само водороден автомобил кој се нуди само во Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП