25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот ASUS смартфон (фото+видео)

Новиот ASUS смартфон (фото+видео)

as000

На саемот „CES 2017“, „Asus“ претстави еден доста интересен смартфон – тој е наследник на буџетскиот „Zenfone Pegasus 3“, претставен минатата година во текот на летото.

Станува збор за „Pegasus 3S“, кој импресионира не со своите прилично скромни технички карактеристики, туку со капацитетот на батеријата – 5.000 mAh.

Новиот уред се базира на чипсетoт „MediaTek MT6750“ со осумјадрен 1.5-гигахерцов централен процесор и графички процесор „Mali-T860 MP2“.

Новиот телефон има 3 GB RAM меморија.

Корисникот може да избере помеѓу две верзии на смартфонот, кои се разликуваат по големината на внатрешната меморија – 32/64 GB.

Ако пак тоа е малку, има слот за картичка „microSD“ до 256 GB, кој се користи како слот за „SIM“ картичка.

as001

Димензиите на „Pegasus 3S“ се 149.5 (висина) x 73.7 (ширина) x 8.6 (дебелина). Поддржува работа со 2 SIM картички (Nano-SIM + Micro-SIM).

„Pegasus 3S“ располага со 5.2-инчен „IPS LCD“ дисплеј со резолуција од 720 x 1280 пиксели, која обезбедува густина на пикселите – 282 ppi.

Екранот на новиот уред како целина не се разликува од оној кај претходниот, моделот „Zenfone Pegasus 3“. Куќиштето сепак е од метал.

Освен тоа од „ASUS“ нудат 13 мегапикселна главна камера со дијафрагма f / 2.0 и автофокус. Постои двобоен „LED“ блиц.

Големината на сензорот на задната камерата на „Pegasus 3S“ е 1/3 “, износот на пиксели е 1.12 μm. Камерата поддржува геотагнување, фокусирање со допирање, панорамска слика и „HDR“.

Со нејзина помош можете да снимате видео со резолуција од 1080p со брзина од 30 фрејмови во секунда.

Слично на сите модерни смартфони, кај новиот модел на „ASUS“ забележуваме дополнителна предна камера која е од 8 мегапиксели. Слично на главната камера е со дијафрагма f / 2.0.

За разлика од „Pegasus 3“, скенерот за отпечатоци е вграден во копчето „Home“, а не во задниот поклопец на уредот.

Најатрактивната карактеристика во новиот смартфон е батеријата која е од 5.000 mAh.

„Pegasus 3S“ работи со оперативниот систем „Android Nougat 7.0“ и интерфејсот „ZenUI 3.1“ од „Asus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП