19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ ја прекина низата од пет порази

МЗТ ја прекина низата од пет порази

cz4-696x462

Кошаркарите на МЗТ ја прекинаа низата од пет порази во АБА лигата со убедливиот триумф над Задар 92:65. Македонскиот шампион против Задар ја забележа петтата победа во регионалната конкуренција.

МЗТ против Задар го одигра најдобриот меч во сезоната, од почетокот до крајот кошаркарите на македонскиот првак доминираа на двете страни од теренот, а противникот го декласираа во последните 15 минути.

Дреновац и Скот постигнаа по 18 поени, Симоновски 17, Клоф уфрли поен помалку, а Лалиќ застана на 12 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП