23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗYaris доби мотор од над 210 КС

Yaris доби мотор од над 210 КС

new yaris 000

Компанијата „Toyota“ ги покажа првите официјални фотографии од „надуената“ верзија на моделот „Yaris“. Официјалната премиера на моделот ќе се одржи за време на автомобилскиот саем во Женева во март.

„Граѓанскиот“ спортски автомобил е со три врати, а е направен во стилот на рели-возилото „Yaris WRC“, кој дебитираше во декември. Моделот доби црн спојлер на багажникот и нови широки задни светла.

Погонот на возилото е доверен на мотор, чиј обем на се открива. Од „Toyota“ откриваат само дека моќноста на агрегатот ќе надминува 210 КС, а и дека претставува врска помеѓу патната верзија и рели-машината. Тоа очигледно сугерира дека станува збор за 1.6-литарски бензински турбмотор.

Се очекува оваа верзија на „Yaris“ да се продава под брендот „Gazoo“. Неодамна „Toyota“ објави дека ќе ги обедини под тоа име сите свои спортски автомобили, вклучувајќи ги оние кои се наменети за Европа. Истовремено со овој модел во Женева, Јапонците ќе покажат и обновен „Yaris“, кој освен промени во изгледот би добил и нова хибридна верзија.

new yaris 001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП