19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуп на Кралот: Реал против Селта, Барса на „Аноета“

Куп на Кралот: Реал против Селта, Барса на „Аноета“

kup kral 3343

Бранителот на трофејот во Купот на Кралот, екипата на Барселона во четвртфиналето ќе игра против Реал Сосиедад, додека Реал ја извлече Селта.

Барселона во осминафиналето вложи многу труд за да го елиминира Атлетик Билбао, а жрепката за четвртфиналето повторно и додели тим од Баскија, Реал Сосиедад кој меѓу осумте најдобри во Купот стигна преку Виљареал.

Реал полуфинале ќе се обиде да избори преку Селта, Атлетико Мадрид го доби за ривал Еибар, додека единствениот вторлигаш во оваа конкуренција, Алкоркон ќе игра двомеч против Депортиво Алавес.

Првите натпревари во четвртфиналето на Купот ќе се одиграат на 18-ти јануари, а реваншите се една недела подоцна.

kup kral 3344

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП