24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенет e нов играч на Фенербахче

Бенет e нов играч на Фенербахче

benet3993

Канаѓанецот Ентони Бенет, кој во 2013 година беше прв пик на драфтот во НБА лигата, го засили турскиот шампион Фенербахче. Бенет потпишал договор до крајот на сезоната, со опција соработката да биде продолжена.

Ентони Бенет е најновото засилување на Фенербахче, потврди истанбулскиот клуб на својата интернет страница. Канаѓанецот во тимот на Жељко Обрадовиќ доаѓа ден по поразот од Црвена звезда (75:73) во 17-то евролигашко коло.

23-годишниот кошаркар на 9.јануари доби отказ во екипата на Бруклин. Тој најдобро се снаоѓа на позициите ниско и високо крило, а иако стручњаците му прогнозираа успешна НБА кариера, но тој не успеа да се снајде во најсилното првенство во светот.

Ентони Бенет беше прв пик на драфтот во 2013 година избран од страна на Кливленд Кавалирс, потоа играше за Минесота и Торонто, а последен клуб во НБА лигата му беше Бруклин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП