25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛуксузниот бренд заблеска во 2016-та: SUV-от направи разлика

Луксузниот бренд заблеска во 2016-та: SUV-от направи разлика

benti39

Уште една автомобилска компанија која се занимава со производство на ексклузивни модели забележа рекордна продажба во 2016-та.

Годината која остана зад нас и донесе на компанијата „Bentley Motors“ најдобар продажен резултат во историјата – на купувачите ширум светот им беа испорачани 11.023 aвтомобили. Во однос на 2015-та, кога „Bentley“ продаде 10.100 возила, забележан е раст од 9%.

Најмногу купувачи се од американскиот континент, каде 2.792 автомобили добија нови сопственици. Сепак, на овој пазар се продадени нешто помалку возила отколку во 2015-та, кога „Bentley“ испорача 2.864 единици.

Од друга страна, продажбата во Европа значително се зголеми, на 2.676 aвтомобили (+56%). Oд тоа, на домашниот, британскиот пазар се пласирани 1.692 возила.

Иако за повеќето производители на скапоцени автомобили азиско-пацифичкиот регион е многу значаен, „Bentley“ во оваа област во текот на 2016-та продаде само 423 возила, со пад на испораката во однос на 2015-та, кога беа пласирани 455 aвтомобили.

Од „Bentley“ велат дека за глобалниот раст на продажбата е најзаслужен новиот модел во гамата – „Bentayga“, кој на повеќето светски пазари се појави во втората половина од минатата година и значително ја зголеми продажбата во тој период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП