19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад од 13 отсто забележаа акциите на Fiat

Пад од 13 отсто забележаа акциите на Fiat

fiat logo399

По Volkswagen и автомобилскиот производител Fiat Chrysler е обвинет за манипулација на софтверот за известување на штетни гасови на илјадници дизел автомобили, поради што акциите на Fiat паднаа на берзата во Њујорк за 13 отсто.

Од американската агенција за заштита на животната средина наведуваат дека компанијата го прекршила законот во САД, со тоа што го има инсталирано потребниот софтвер, кој е неисправен. Од овој проблем се засегнати сопственици од над 100.000 џипови и Dodge.

По оваа вест веднаш имаше реакции на пазарот во Њујорк, така што акциите на Fiat забележаа пад од 13 отсто по излегувањето на веста.

Поради истиот проблем од Volkswagen во вторникот објавија дека е постигнат договор вреден 4,3 милијарди долари со американските регулатори за решавање на проблемите околу скандалот со дизел гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП