19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАО: Марej на стартот со Марченко, Ѓоковиќ со Вердаско

АО: Марej на стартот со Марченко, Ѓоковиќ со Вердаско

open ao33

Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на Аустралијан Опен ќе ја започне против Шпанецот Фернандо Вердаско, додека првиот носител на грен слемот во Мелбурн Енди Марej на стартот ќе се сретне со Украинецот Иља Марченко.

Шесткратниот победник на Аустралијан Опен, Новак Ѓоковиќ, турнирот ќе го отвори против Шпанецот Фернандо Вердаско. Србинот и Шпанецот се сретнаа пред десетина дена во полуфиналето на турнирот во Доха, победи Ѓоковиќ со 2:1, откако во вториот сет успеа да спаси пет меч топки.

Доколку победи во првото коло, веројатен противник на Србинот во втората рунда ќе биде Денис Истомин, а во неговата половина на костурот се наоѓаат третиот светски рекет Милош Раониќ односно Рафаел Надал.

Енди Марej кој прв пат во кариерата на еден грен слем ќе настапи како прв носител, во првото коло ќе игра против Украинецот Иља Марченко, а во второто коло потенцијален ривал му е Јан-сун Лу.

Третото коло на Марej најверојатно ќе му го донесе Американецот Сем Квери, кој на последниот Вимблдон го елиминира Ѓоковиќ, а потенцијален ривал во четвртфиналето ќе му биде Роџер Федерер, доколку Швајцарецот во осминафиналето го победи Кеи Нишикори. Во делот од костурот каде се наоѓа Мареj е и четвртиот играч на АТП листата Стан Вавринка.

AO-zrepka-696x490

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП