28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал 40 натпревари во низа остана непоразен (видео)

Реал 40 натпревари во низа остана непоразен (видео)

3500

Реал Мадрид, Селта и Еибар го потврдија пласманот во четвртфиналето на Купот на Кралот. Реал ја елиминира Севилја, Селта беше подобра од Валенсија, а Еибар од Осасуна.

Севилја и Реал одиграа спектакуларен натпревар на „Санчез Писхуан“, кој и покрај доминацијата на домашниот тим и големиот број на пропуштени шанси заврши 3:3. Реал и на 40-от натпревар во низа остана непоразен со што стана апсолутен рекордер во шпанскиот фудбал.

Севилја од 10.минута водеше со авто голот на Данило, а до крајот на полувремето резултатот не се менуваше. По три минути игра во второто полувреме израмни Асенсио.

Црногорецот Јоветиќ, кој ден претходно пристигна во клубот, а во игра влезе во 43.минута, дебитираше со гол во 52.минута, а потоа Ибора во 77.минута ја искористи лошата реакција на голманот Касиља и зголеми на 3:1.

Реал, кој на овој меч настапи во комбиниран состав, од пораз го спасија Серхио Рамос кој постигна гол од пенал во 81.минута и Бензема кој постигна гол во 93.минута.

Селта и во реваншот славеше над Валенсија, по 4:1 во првиот меч во вториот беше 2:1, додека Еибар одигра 0:0 со Осасуна, но оди во четвртфиналето поради победата во првиот меч 3:0.

Претходно пласман во четвртфиналето изборија Атлетико Мадрид, Алкоркон, Алавес и Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП