20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрамп ги натажи - за 20 минути им „избриша“ 25 милијарди долари

Трамп ги натажи – за 20 минути им „избриша“ 25 милијарди долари

PHOT0024.JPG

Американските фармацевтски гиганти загубиле 25 милијарди долари за само 20 минути за време на конференцијата на Доналд Трамп.

Близу 25 милијарди долари на првите девет компании беа „избришани“ од берзата во рок од неколку минути, откако Трамп ги критикуваше поради скапите лекови.

Акциите на компаниите „Johnson & Johnson“, „Pfizer“, „Merck“, „Amgen“, „AbbVie“, „Bristol-Myers Squibb“, „Gilead“, „Celgene“ и „Eli Lilly“ забележаа пад помеѓу 1 и повеќе од 5 проценти, веднаш по неговите коментари.

Акцијата на „Pfizer“, една од најголемите светски фармацевтски компании, го заврши денот со пад од 2 отсто, и остана без 5 милијарди долари.

Најтешко мина компанијата „Bristol-Myers Squibb“ чии акции паднаа за 5,3 проценти.

„Oваа индустрија се извлекува од „убиство“. Во фармацевтската индустрија постојат многу лобија, многу лобисти и доста моќ“, изјави Трамп на првата конференција за новинарите по изборот за претседател на САД.

„Нашата фармацевтска индустрија е во катастрофална состојба. Таа испорачува лекови, но нив во голема мера не ги произведуваат тука“, вели Трамп, додавајќи дека ќе креира нови процедури за набавка на лековите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП