28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle се откажа од сонот, во тишина е затворен Titan

Google се откажа од сонот, во тишина е затворен Titan

Google-Titan-Aerospace-e1397540079815

Матичната компанија на „Google“, „Alphabet“, потврдила дека се определила за балони наместо за беспилотни летала за нудење на интернет услуги од небо.

Од „Alphabet“, во чија сопственост не е само „Google“, туку и компанијата „Google X“ која е фокусирана на креирање нови технологии кои го менуваат светот, рекоа за „AFP“ дека се откажуваат од својот дрон-интернет проект, кој се нарекува „Titan“ и кој започна пред речиси една година.

Вработените на овој проект се преместени на други работни позиции во „Google X“, вклучувајќи го и проектот „Lun“ кој е насочен кон создавање мрежа на балони на големи висини кои ќе нудат интернет услуги за луѓето без оглед на тоа колку се оддалечени.

Економичната и техничката изводливост на проектите со балони се сметаат за поефикасен начин за поврзување на руралните и оддалечените делови на светот со интернет, оценуваат од „Google X“.

Водечката друштвена мрежа „Facebook“ и натаму го развива „Aquila“ дронот за пренос на сигнал за интернет врска од небо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП