29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes со три нови мали автомобили до 2020-та година

Mercedes со три нови мали автомобили до 2020-та година

malo mece23

„Mercedes“ планира да инвестира околу 1 милијарда евра во следната генерација компактни модели кои ќе ги претстави на светскиот пазар, а бројката ќе им се зголеми речиси двојно – од пет на осум.

Во моментов „Mercedes“ ги произведува „А-класа“, „CLA“, „CLA Shooting Brake“, „B-класа“ и „GLA“, а следната генерација на овие модели ќе ја користи новата платформа за автомобили со преден погон „MFA2“. На саемот во Детроит „Mercedes“ објави дека планира да го зголеми бројот на компактни модели со уште три возила.

Според магазинот „Autocar“ кој цитира „висок извор во Mercedes“, прво ќе ја видиме верзијата седан на „А-класа“, кој ќе биде конкурент на „Audi A3“ седан и „BMW 1“ седан, кој засега е достапен само во Кина.

Многу е веројатно верзијата седан на „А-класа“ да се појави уште овој април на саемот во Шангај. Покрај тоа, седанот ќе има и верзија со долга база, која сепак ќе биде достапна ексклузивно во Кина, за да одговори на специфичните вкусови во овој поглед на локалните купувачи.

Друг нов модел се очекува да е „GLB“, кој ќе биде позициониран над „GLA“, а според гласините возилото ќе биде во две варијанти – со пет и седум места, а втората верзија ќе биде со продолжена база. За третиот модел уште нема сериозни информации.

Овие планови на брендот се уште не се потврдени официјално, но тоа треба да се случи во блиска иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП